речник контакт

Како ќе се решаваат црните сообраќајни точки во градот?

Пешачките кај Панини, Пошта и крстосниците кај Авона, Панини и ДОЗ

Петар Печков

Според  статистичките показатели за бројот на сообраќајни незгоди на најфреквентните крстосници во градот, тие се на неколку  локации. Анализата на Сообраќајната полиција покажува дека тоа се пешачките премини пред Панини кон Гимназија, пред Зегин кај Пошта и крстосниците кај Авона и кај ДОЗ. Што локалната власт презема за да се решат овие црни петна, каде нашите сограѓани страдаат од превозните средства.  ТРМР го праша градоначалникот кој мерки ќе бидат преземени во интерес на безбедноста на пешаците. 

Извршена е анализа на двата посочените пешачки премини. За решавање на проблемот пред и по  пешачкиот премин, ќе ги отстраниме автомобилите кои тука се паркираат. Заради поголема прегледност, ќе поставиме препреки, просторот да биде  слободен па и пешаците и возачите да гледаа каков е интензитетот на сообраќајот. Овие препреки ќе бидат поставени, веднаш штом се заврши поставувањето на заштитниците на тротоарот кај Судот, со цел да не се заземаат овие површини од страна на автомобилите - рече градоначалникот Чадиев.  

За прашањето на  крстосницата кај Авона, во тек било прибирање на потребната документација за изградба на кружен тек. Оваа активност според градоначалникот би можела да започне со градба до крајот на годината. Чадиев нагласи дека  кружниот дек ќе биде со далеку помал пречник, од тој на влезот кај Костурницата, кој е со дијаметар од 13 метри.

Проблемот со крстосницата кај ДОЗ засега нема можност за некое ново сообраќајно  решение, и сообраќајот тука ќе се одвива со постојната динамика.  Иста е состојбата и со крстосницата кај Панини, каде според техничките  параметри не може да се преземе што друго освен постојното решение.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »